• Редакција Gol.mk
Непосредно пред првиот натпревар во сезоната, екипата на Кеги Моби од Велес објави дека младите репрезентативци на Македонија во футсал до 19 години, Петар Каров и Марко Јанушев ќе бидат дел од семејството на Кеги Моби.
„Петар Каров и Марко Јанушев се нашите млади репрезентативци на КМФ Кеги Моби и два млади таленти, кои доколку продолжат да се занимаваат со футсалот ќе бидат и предводници на играта во клубот кога ќе стекнат искуство. Нив ги имаме од минатата сезона и се староседелци во клубот и цела сезона ја поминаа во црвената боја на КМФ Кеги Моби“, изјавија од клубот.
Првиот натпревар од сезоната, КМФ Кеги Моби ќе го одигра во понеделник против КМФ Осогово со почеток од 18:30 часот, во спортската сала „Бранители 2001“.