Ирците ја прошетаа и се „заљубија“ во скопската чаршија

Ирскиот футсал-шампион Блу Меџик загуби од Шкупи во рамки на Лигата на шампионите (0-3), а слободниот ден го искористи за истражување на Скопје.

Првото место кое Ирците го посетија беше Старата скопска чаршија. Додека чекаат на летот за Даблин, футсалците се прошетаа низ едно од најпознатите места во Скопје и набавија сувернири за да се сеќаваат на гостувањето во Македонија.

Беа фасцинирани од изгледот, а велат дека имаат желба еден ден пак да се вратат во Скопје и да видат повеќе од убавините на главниот град на нашата татковина.