Интер на Рикардињо е вториот финалист на УЕФА Купот во футсал

Првакот на Шпанија и организаторот на „фајнал-фор“ турнирот на УЕФА Футсал Купот, Интер Мувистар е вториот финалист и утре ќе игра за европската титула против Угра од Русија.

Во второто полуфинале во Гвадалахара, Рикардињо и соиграчите лесно ја совладаа екипата на Пескара со 4-2 (2-1). Италијанскиот првак поведе со голот на Канал во 6. минута. Сепак до одморот Интер Мувистар го сврти резултатот и со головите на Рикардињо и Кардинал до половина полувреме имаше 2-1.

Рафаел во 21. минута зголеми на 3-1 и се наѕираше вториот финалист. Салас во 38. минута само ублажи на 3-2, а финалните 4-2 ги постави Марио Ривилос на 7 секунди до крајот. Утре Барселона ќе го дознае својот наследник на европскиот трон во мечот на Угра и Интер, а во малото финале ќе се сретнат Бенфика и Пескара.