• Сашо Поповски
Екипата на Интер Мувистар од предградие на Мадрид е нов европски футсал шампион, откако одигра перфектен меч и убедливо го совлада Спортинг Лисабон (7-0).
Во рапсодијата на шпанската екипа се истакнаа Рикардињо и Ривиљос со по два гола, а на голеадата се надоврзаа уште Гадеја, Лоло и Рафаел. Уште од самиот старт Шпанците сакаа да го покажат својот квалитет и доминација, а до крајот само ја потврдија констатацијата дека се најдобрата екипа во историјата на ова натпреварување.
Оваа титула е рекордна четврта за Интер во Лигата на шампионите во футсал.