ВИДЕО: Голот на кој аплаудираше цел свет - три години од ремек-делото на Рикардињо против Србија

Рикардињо

Пред точно три години, португалскиот футсал репрезентативец Рикардињо го постигна еден од најубавите погодоци во историјата.

За време на Европското првенство, кое се одржуваше во Србија, Португалецот покажа вештина на која му се восхитуваше целиот свет. Неговиот погодок против домашната репрезентација уште предизвикува одушевување, иако поминаа три години од неговата изведба.

Одбранбениот играч на српската репрезентација можеше само да му се поклони на својот противник кој доби стоечки овации и од домашната публика во салата во Белград.

Потсетете се на мајсторијата на Рикардињо: