Голманска велемајсторија: Србин стекна светска слава со гол од својата половина (ВИДЕО)

Србија

Голманот на српската футсал репрезентација Немања Момчиловиќ постигна велемајсторски погодок на дуелот со Белорусија.

Чуварот на мрежата испрати амбициозен удар од својата половина во 17. минута од мечот. Топката заврши под пречката на неговиот колега на спротивната страна, што донесе предност за Србија од 2-0.

Србите победија со конечни 3-2 и го заверија пласманот на Европското првенство 2022.