Големо изненадување: Прекината победничката серија на Железарец

Актуелниот футсал шампион, екипата на Железарец која со години наназад има апсолутна доминација, непријатно беше изненадена, откако пред своја публика ремизираше со Велес (2-2).

Во 15. коло од Првата футсал лига на Македонија, составот на Велес направи вистински подвиг, откако успеја да му земе бод на неприкосновениот Железарец. Составот на Велес преку Шатара и Андов дури и имаше предност од 2-1, но Агуши со гол во финишот стрелаше за конечни 2-2. Првиот гол за Железарец беше дело на Леовски, кој погоди во петата минута.

Во останатите натпревари од ова коло, Хедис беше подобар од СЕЕ Университи со 8-4, Шкупи го совлада Скопје со 8-3, Црна река минимално го победи Илирет со 3-2, а Мал Ајакс беше поразен од Јувентус со 3-4.  По ова коло Железарец има 43 бодови, пред Шкупи и Хедис кои имаат по 30 бодови.