Голчиште во Португалија: Иранец постигна ЧУДЕСЕН погодок од „мртов агол“ (ВИДЕО)

Бенфика

Хусеин Тахеби од Иран направи потег на футсал натпревар кој привлече големо внимание во светски рамки.

За точно да видите што се случи ќе мора повеќе пати да го погледнете видеото, а можеби и ќе треба да ја забавите снимката. Играчот на Бенфика на маестрален начин го измами противничкиот голман и предизвика неверица кај лицата на сите актери на теренот.

Бенфика одигра сигурен меч на домашен терен и прослави убедлива победа од 8-3 против Хсладас во рамки од Лигата на шампионите.