• Сашо Поповски

Тиаго Амарчанде е футсал играч и член на тимот на Наполи Калчо, кој пред неколку дена постигна неверојатен гол, кој стана хит на Интернет.
Во натпревар од одминафиналето од Купот на Италија против Пескара, тој се справи со двајца чувари, а потоа и голманот на противничката екипа и беше најзаслужен за победата од 3-0.
На ваков гол можат да му позавидат и великаните на футсалот, Рикардињо и Фалкао.