ВИДЕО: Футсалец промаши пенал, му го одбрани – куче!

Интересно видео кружи на социјалните мрежи, во кое куче брани пенал на еден футсалец кој се обидува да постигне гол од белата точка.

Не е познато во која земја се случило ова, но сите се вчудоневидени од ситуацијата. Футсалецот тргна да шутира, голманот тргна на спротивната страна, но непосредно пред стативата скокна кучето, па тој не успеа да реализира.

Во продолжение, погледнете ја комичната ситуација: