Футсалците загубија од БиХ, селекторот незадоволен од судењето

По ремито на првиот натпревар во Бихаќ, македонската футсал репрезентација запиша пораз од 9-5 во вториот пријателски дуел со Босна и Херцеговина. Од самиот почеток нашите репрезентативци го бркаа противничкото водство, но не успеаја да го стигнат. 

Во првиот дел за нашиот национален тим погодија Зибери, Исмаили и Петровиќ. Сепак, вториот дел беше контроверзен, бидејќи македонскиот селектор Иван Божовиќ накратко ја повлече екипата при 4-3 за домаќинот. Имено, критериумот на судење беше целосно разочарувачки за нашиот национален тим и натпреварот во „Луке“ во Бихаќ на неколку минути беше прекинат

Во продолжението босанската селекција се наметна и стигна до убедлива победа. 

Босна и Херцеговина - Македонија 9-5 (4-3)
1:0 Радмиловиќ (11'), 2:0 Радмиловиќ (11'), 2:1 Зибери (15'), 3:1 Павловиќ (15'), 3:2 Исмаили (17'), 4:2 Бошковиќ (17'), 4:3 Петровиќ (19'), 5:3 Радмиловиќ (30'), 5:4 Зибери (31'), 6:4 Кахвеџиќ (33'), 6:5 Чека (34'), 7:5 Перковиќ (36'), 8:5 Алаџиќ (39'), 9:5 S. Иванковиќ (40').

Македонија: 
Иван Стојановски, Зоран Левески, Таулант Исмаили, Иван Крстевски, Исмет Чека, Реџеп Сулејмани, Адријан Мицевски, Ферид Агуши, Седат Зибери, Драган Петровиќ, Јакуп Рамадан, Антонио Петровски, Даниел Де Соуса, Реџан Мустафов
Селектор: Иван Божовиќ.