• Мартин Танасковски

Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа уште еден пораз во квалификациите за Европското првенство (ЕП) и е на дното на табелата.
Нашиот национален тим загуби во соочувањето со Андора на гостински терен со резултат 1-2. По првото полувреме без голови, резултатот го отвори Регало во 36. минута откако две минути претходно промаши пенал.
Следеше одговор на Македонија и израмнување преку Тодоровски во 37. минута, но веќе во следната акција, Андорците ја вратија предноста преку Блат што им беше доволно за победа.
Македонија квалификациите за ЕП во футсал ги завршува на дното со еден освоен бод заради реми против Андора во Скопје и пет порази.