Футсалците во второто полувреме паднаа пред налетите на Шведска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз ги отвори квалификациите за Светското првенство (СП) и во првата рунда загуби од Шведска (2-5).

Нашиот национален тим беше едно полувреме рамноправен на натпреварот во Алингсас, а во вториот дел падна пред налетите на противникот. По првото полувреме резултатот гласеше 1-1, откако Македонија прва поведе преку Петровиќ, а Смајловиќ изедначи.

Во вториот дел главна фигура на теренот беше Гаши кој даде хет-трик за „трите круни“, а уште еден гол во мрежата на Македонија постигна Атаи Најафи. Единствен стрелец за Македонија во второто полувреме беше Мицевски во 28. минута, за 2-2.

Следниот натпревар во квалификациите за Светското првенство, Македонија го игра на домашен терен, а противник ќе биде тимот на Италија.