Футсалците во проблеми со повреди пред стартот на квалификациите за ЕП

Футсал селекцијата на Македонија веќе два дена се наоѓа во Алмати, Казахстан каде од утре ќе настапи на квлификацискиот турнир за пласман на Европското првенство (ЕП), кое ќе се игра 2018 година во Словенија

Селекторот на нашата селекција, Иван Божовиќ пред утрешниот прв натпревар со домаќинот Казахстан се соочува со неочекувани проблеми поради повреди. Поради здравствени причини со националниот тим во Алмати не допатува играчот на хрватски Динамо, Садат Зибери, а на мали повреди се жалат Зоран Левески, Драган Петровиќ и Ферид Агуши.

Противници на „црвено-жолитете“, покрај Казахстан ќе бидат и репрезентациите на Чешка и Данска. Место на ЕП ќе обезбеди првопласираната селекција, додека втората ќе игра бараж, а исто така и најдобрата третопласирана репрезентација од сите групи ќе има можност за бараж.