Футсалците уште еднаш го потврдија квалитетот и вторпат го надиграа Косово

Футсал-репрезентацијата на Македонија ја забележа и втората победа над Косово во тест-дуелите кои се играат во Приштина.

По вчерашниот триумф од 6-2, жолто-црвените денес славеа со 5-2 и уште еднаш го потврдија поголемиот квалитет. Со головите на Де Соуза, Зибери и Леовски, Македонија дојде до водство од 3-0, а потоа Косово постигна два гола во нашата мрежа, за намалување на 3-2. Во продолжението од средбата во мрежата на противникот по втор пат погодија Де Соуза и Леовски, за конечни 5-2.

Пријателските средби со Косово за Македонија се дел од подготовките за квалификациите за пласман на ЕП 2017.