Футсалците тргнаа со реми на „Скопје 2016“ - БиХ во последната секунда се спаси од пораз

Македонската футсал репрезентација во првиот натпревар од пријателскиот турнир „Скопје 2016“ во рамките на подготовките за квалификацискиот циклус за ЕП кое ќе се игра во Словенија одигра нерешено со Босна и Херцеговина со резултат од 2-2.

Првото полувреме во „ВИП Арена“ помина без погодоци, иако нашите репрезентативци имаа иницијатива и низа шанси, но не успеја да ја затресат противничката мрежа. Гостите, фудбалерите од БиХ второто полувреме со голот на Бошковиќ во 22. минута поведоа со 0-1. „Црвено-жолтите“ до израмнување дојдоа во 34. минута со автоголот на Павловиќ за 1-1. На пет минути нашиот противник имаше убава шанса за ново водство, но чуварот на нашата селекција Петровски одбрани пенал. Македонија со голот на Де Соуза од слободен удар во последната минута поведе со 2-1, но Алајџиќ со гол букавално во последната секунда донесе израмнување од 2-2.

Турнирот „Скопје 2016“ продолжува утре со мечот помеѓу БиХ и Португалија, додека ќе биде затворен во среда со мечот на Македонија и Португалија.