ВИДЕО: Футсалците тргнаа со победа, Дандан го реши Велс

Футсал репрезентацијата на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство (ЕП) и минимално (0-1) славеше над селекцијата на Велс во рамки на првото коло од турнирот во Скопје.

  • Голот за победа на Македонија:

Островската селекција се покажа како доста тврда, а нашиот национален тим со еден гол успеа да го скрши отпорот од страна на противникот иако имаше повеќе од 47 шута кон противничкиот гол и 14 изведени корнери. Новиот селектор Скендеровски успеа да ја врати Македонија на победнички пат, затоа што пет дуели по ред во сите конкуренции нашите футсалци беа без триумф.

На дуелот кој се играше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, единствениот погодок падна во второто полувреме. Стрелец беше дефанзивецот Дандан, кој топката зад грбот на голманот Џонс ја смести во 22 минута од натпреварот. Македонија имаше шанса на овој натпревар да постигне повеќе од еден гол, арно ама гостинскиот голман беше расположен и имаше неколку одлични интервенции.

Следниот дуел за Македонија е за два дена, кога нашите футсалци играат против Норвешка во борба за првото место. Лидерското место носи во квалификациите за ЕП, додека второпласираните ќе играат бараж.