• Мартин Танасковски
Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа втор пораз во квалификациите за Светското првенство (СП) на гостински терен.
По поразот кај Шведска, нашиот национален тим загуби и на гостувањето кај Италија (3-6). Футсалците на Скендеровски имаа хендикеп со повреди и имаа сила да се носат против фаворитот кој претходно го изненадија во Скопје само едно полувреме.
На паузата, беше 2-3 за Италијанците. Крстевски, Петровиќ и Ранготов беа стрелци за Македонија. Досега нашиот национален тим има само еден освоен бод, поради ремито со Италија во Скопје.
Во последното коло, Македонија игра дома со Шведска.