Футсалците со проверени сили во претквалификациите, повикани и шест интернационалци

Македонската футсал репрезентација утре ги започнува подготовките за претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда од квалификациите за Европско првенство во 2022 година. Македонската репрезентација е домаќин на групата во која се наоѓаат Норвешка и Велс.

Селекторот на нашата репрезентација, Васко Скендеровски за двата натпревари во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе смета на следните играчи:

Голмани:
Антонио Петровски (КМФ СК Проект Цико), Влатко Петровски (КМФ СК Проект Цико), Шефкет Бериша (КМФ Шкупи)

Одбрана: 
Зоран Левески (КМФ Шкупи), Таулант Ислаили (КМФ Арбент Бајрами), Ферид Агуши (КМФ Шкупи), Даниел де Соуза (Мостар, БиХ), Седат Зибери (Италпол, Италија)

Напад: 
Иван Крстевски (Врање, Србија), Александар Глигоров (КМФ Шкупи), Игор Леовски (Врање, Србија), Јосиф Јованов (КМФ СК Проект Цико), Дарко Ранготов (КМФ СК Проект Цико), Димче Андов (КМФ СК Проект Цико), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Џокица Арсовски (Мускрон, Белгија), Еркан Сефери (КМФ Шкупи), Лазар Пеев (КМФ Велес)

Првиот натпревар, Македонија ќе го одигра на 30 јануари против Велс, додека на први февруари се соочуваме со Норвешка. Двете пресметки се закажани за 19:00 часот.

Првопласираниот обезбедува директен пласман во главната фаза, додека вториот од групата игра бараж за место во најдобрата квалификациска група.