Футсалците со „петка“ од Украина ги завршија мундијалските квалификации

Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа пораз во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство (СП) во 2020 година и прими пет гола од фаворитот во групата Украина (5-1).

Украинците се покажаа како преголем залак за нашиот национален тим, кој играше само за престиж ако се знае дека од претходно ги загуби шансите за пласман на Мундијалот.

Два гола во мрежата на Македонија даде Микјутук, а по еднаш стрелаа Разуванов, Зварич и Малишко, а единствен стрелец за нашиот национален тим беше Левески кој го даде последниот гол на мечот.

Македонија ги заврши квалификациите со три порази на три меча, а претходно се загуби од Косово и Словенија.