Футсалците шокирани од Норвешка, ќе играат бараж за квалификации за ЕП

Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа пораз на домашен терен од Норвешка (1-2) и патот до квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година ќе мора да го бара преку бараж.

Норвежаните губеа во поголемиот дел од мечот, но со два гола во второто полувреме го свртеа дуелот во своја корист. Така, завршуваат како лидери во групата и одат понатаму како најдобра селекција, додека Македонија завршува на второто место и ја чека бараж.

Резултатот на натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ го отвори Крстевски уште во четвртата минута. Потоа, Македонија имаше шанси кои не ги искористи, имаше двојно повеќе обиди од противникот, па дојде казната. Прво, во 22. минута Педерсен изедначи на 1-1, додека целосниот пресврт го направи Ракваг во 37. минута.

Македонија во претквалификациската рунда забележа минимална победа над Велс (1-0), па загуби од Норвешка. Во баражот ќе играат сите второпласирани селекции од групите како и најдобрите пет третопласирани држави.

Ждрепката за баражот за квалификации за ЕП 2022 ќе биде на 13 февруари во Нион, Швајцарија.