• Зоран Мишевски
Македонската футсал репрезентација одигра 1-1 во вториот контролен натпревар против селекцијата на Франција во меч игра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес.
Македонија поведе со голот на Исмаили во 9. минута, а Франција израмни во последните секунди од првото полувреме преку Рамирез. Во првото полувреме Македонија имаше уште неколку шанси преку Мицевски, Трајков, Леовски и Зибери, но не ги искористи.
И во вториот дел повторно неефикасноста во завршницата од нападот беше проблем за нашите репрезентативци. Љубителите на футсалот во Велес, околу 1.000 имаа можност да проследат одличен натпревар.