ВИДЕО: Футсалците ремизираа со БиХ, Даниел де Соуса тешко се повреди

Македонската футсал репрезентација ремизираше против Босна и Херцеговина во првиот од двата пријателски натпревари во Бихач. Сепак, по ремито од 3-3 најмногу се зборува за тешката повреда на македонскиот репрезентативец и фудбалер на Мостар, Даниел Мариња де Соуса, отколку за самиот дуел.

Тој се обиде да сопре една босанска контра, наиде на судир со домашниот фудбалер Мирко Хркач и остана да лежи на подот. Подоцна на носила беше изнесен од салата. За сериозноста на повредата ќе се знае деновиве.

  • Повредата на Даниел Мариња де Соуса:

Головите за нашата репрезентација ги постигнаа Адријан Мицевски два и Даниел де Соуза еден.

Попладнево во 17:00 часот двете селекции ќе се соочат во уште еден пријателски натпревар на босанско тло.