Футсалците разочараа со Андора во квалификациите за ЕП 2026

Футсал репрезентацијата на Македонија важеше за фаворит, но ќе почека за првата победа во квалификациите за ЕП 2026. Нашиот национален тим дома ремизирра со Андора (1-1) и го освои првиот бод по стартниот пораз од Холандија.

Долго време се чекаше на возбудувањата во Скопје, затоа што голови немаше повеќе од половина час. Првиот погодок беше дело на Македонија која преку Петровиќ во 33. минута дојде до позитива. Футсалецот погоди по асистенција на Рамадан, но радоста траеше кратко.

Поточно, само 36 секунди, затоа што Андорците од првиот напад во следната акција успеаја да израмнат. Жозеп Сегура реализира за аутсајдерот на хартија и ѝ го отежна животот на Македонија во квалификациите за еврошампионатот за две години (1-1).

Квалификациите за Македонија продолжуваат во јануари, кога во Скопје доаѓа првиот фаворит во групата Португалија.