• Мартин Танасковски

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во футсал. Националниот тим на 6 ноември ќе го одржи собирот пред претстојниот квалификациски натпревар против Финска, кој ќе се одигра на 10. ноември во финскиот град Вантаа. Селекторот Газмед Хисејини го објави списокот на повикани играчи за овој натпревар, кој е дел од главната рунда на европските квалификации за Светското првенство во 2028 година.
Македонија (футсал): Антонио Петровски (голман), Иван Стојановски (голман), Марио Благојевски, Јасир Зекири, Берат Рамадани, Јакуп Рамадан, Наум Блажевски, Бојан Јанев, Таулант Исмаили, Абдил Кадир Јахја, Иван Крстевски, Садат Зибери, Илјаз Чилјафи, Игор Леовски;
Средбата Финска – Македонија е закажана за 10 ноември, со почеток во 18:30 часот по локално време (17:30 часот по средноевропско време), во арената „Енергија Арена“ во Вантаа.
Македонија се наоѓа во групата 4 од главната рунда на квалификациите, заедно со репрезентациите на Шпанија и Финска. Во главната рунда учествуваат 36 репрезентации, поделени во 12 групи со по три селекции. Се игра двокружен систем, односно секоја репрезентација игра по два натпревари со своите противници, дома и на гости.
- Распоред на натпревари:
20 октомври 2026: Шпанија – Финска 3-1
10 ноември 2026: Финска – Македонија
8 декември 2026: Македонија – Шпанија
23 февруари 2027: Шпанија – Македонија
27 февруари 2027: Македонија – Финска
2 март 2027: Финска – Шпанија
Пласман во елитната рунда ќе обезбедат дванаесетте победници на групите и четирите најдобро пласирани второпласирани репрезентации. Останатите осум второпласирани селекции ќе играат дополнителен бараж, од кој четири репрезентации ќе се пласираат во елитната рунда. Оттаму, патот до Светското првенство продолжува преку елитната рунда и завршните бараж натпревари.
Македонија на 6 ноември ќе го има собирот, по што ќе следуваат подготовките и патувањето за Финска, каде што на 10 ноември ја очекува дуелот од квалификацискиот циклус за Светското првенство во футсал 2028.