Футсалците против Чешка, Казахстан и квалификант ќе водат битка за ЕП 2018

Македонската сениорска футсал-репрезентација ги доби противниците во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство кое во 2018 година ќе се игра во Словенија.

„Црвено-жолтите“ се најдоа во група со селекциите на Чешка, Казахстан, како и победникот од квалификациската група „Е“, во која играат Кипар, Данска, Косово и Норвешка. 

Од групите само првопласираните репрезентации обезбедуваат директно место на континенталното првенство. Најдобрите второпласирани и третопласирани ќе играат бараж за комплетирање на плеј-оф групата составена од 12 селекции.