Футсалците против Албанија, Грција и Сан Марино во претквалификациите за СП

Македонската футсал репрезентација ги дозна своите противници за претстојните претквалификации за Светското првенство 2020 година. 

Нашите футсалци се сместија во групата Ц, и за свои противници ги добија селекциите на Албанија, Грција и Сан Марино, против кои ќе се борат за првите две места кои обезбедуваат понатамошен пласман. 

Претквалификацискиот турнир е закажан за од 29 јануари до 3 февруари, а доколку Македонија успее да се пласира на првите две места во оваа група ќе се натпреварува во главните квалификации за Светското првенство, кои ќе се одиграат од 22 до 27 октомври 2019 година.