Футсалците пред нова борба за ЕП, следи двомеч со Србија

Футсал репрезентацијата на Македонија ги продолжува настапите во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а следен ривал ќе биде нашиот северен сосед Србија.

По несреќниот пораз од БиХ (1-2) и ремито со Романија (2-2) на домашен терен, футсал репрезентацијата на Македонија ја чека двомеч со Србија. Првиот натпревар ќе се игра во Врање, додека вториот е закажан во Скопје.

Македонија брка деби настап на големата сцена, но патот до таму е пеколно тежок. Селекторот Скендеровски се очекува да ги открие адутите за мечевите со Србија, кои се играат овој месец. Србите во воведните две кола од квалификациите заубија од БиХ (2-4) и ремизираа со Романија (2-2).

Првиот натпревар меѓу Србија и Македонија е на 5 март, додека вториот е закажан на 9 март во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.