Футсалците поразени во првиот тест-меч со БиХ

Македонската футсал-репрезентација доживеја пораз од Босна и Херцеговина во првиот од двата тест-меча кои се играат во Зеница (3-7).

„Црвено-жолтите“ беа конкурентни во првото полувреме, меѓутоа во второто постигнаа само еден гол во противничката мрежа и доживеаја висок пораз. На стартот БиХ поведе со 2-0, а на 2-1 намали Мартин Тодоровски, кој погоди во 5. минута.

Во 10. минута следеше нов гол на домаќинот за 3-1, за пред финишот на првото полувреме Македонија да постигне нов гол преку Иван Крстевски и да намали на 3-2. Во продолжението од мечот, односно второто полувреме Македонија настапуваше со голман-играч, што резултира со водство на БиХ од 6-2, а потоа, до финишот успеавме да постигнеме само еден гол, преку Тауљант Исмаили за 6-3.

Вториот меч меѓу Босна и Херцеговина и Македонија се игра в четврток од 18.00 часот.