Футсалците на Шкупи во средината на јануари гостуваат во Запорожје

Футсал тимот на Шкупи обезбеди следна рунда во Лигата на шампионите и се наоѓа на чекор до пласман во главната фаза, а ждрепката посака да се падне со ривал од Украина.

Чаирчани во 1/16-финалето ќе се соочат со украински Керсон. Според извлекувањето, Шкупи ќе патува во Украина, а УЕФА го одреди терминот. Натпреварот од Лигата на шампионите ќе се игра на 16 јануари со почеток од 14:00 часот, во салата „Младина“ во Запорожје.

Шкупи во првата фаза беше подобар од Блу Меџик од Ирска (3-0), додека Керсон ја извојува најубедливата победа и победи со 28-1 против Розарио од Северна Ирска.