Футсалците на Шкупи се намачија да го „скршат“ СК Проект-Цико

Водечките екипи во футсал шампионатот на Македонија, Шкупи и Велес запишаа значајни победи во натпреварите од 12. коло. 

Многу повеќе проблеми имаше скопскиот клуб, кој се намачи да го совлада СК Проект-Цико со 11-9, додека велешани беа убедливи против Кратово и се радуваа на триумф со 14-3.

Првенствени бодови освоија и Црна Река на теренот на Јувентус Серава со 4-5, на штипски Астибо против трофејниот Железарец со 6-3 и на Шкендија над Гемиџии со 7-1. 

Шкупи е лидер со 22 бода, четири повеќе од второпласираната екипа на Велес, а оддалечени се Железарец и Астибо на третото и четвртото место со по 21 бод.