Футсалците на Шкупи дома бркаат деби во елитната рунда во ЛШ

Македонскиот футсал-првак, екипата на Шкупи, тргнува во борба за елитна рунда во Лигата на шампионите и тоа на домашен терен каде ќе има три ривали.

Нашиот претставник се најде во групата осум, каде ќе игра заедно со Чурдим од Чешка, Диферданж од Луксембург и Лученец од Словачка. Дуелите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ во периодот од 26 до 29 октомври.

„Гулабите“ од Чаир досега немаат играно елитна рунда. Најдобрите екипи од секоја група ќе патуваат во елитната фаза. Шкупи првиот меч го игра на 26 октомври од 20:00 часот против Диферданж, а потоа следат Лученец (27 октомври, 20:00) и Чурдим (28 октомври, 20:00).