Футсалците на пријателски двомеч со Франција во Скопје

Футсал репрезентацијата на Македонија на 12 и 13 април ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Франција до 23 години.

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски се одлучи да ги повика следните футсалци за двата пријателски натпревари кои следат:

Иван Стојановски (Арбен Бајрами) (голман)
Фера Енсур (Арбен Бајрами) (голман)
Исмаил Таулант (Шкупи)
Стојковски Игор (Шкупи)
Јанев Димитар (Проект)
Михајлов Александар (Проект)
Тодоровски Мартин (Проект)
Рамадани Берат (Арбен Бајрами)
Сефери Еркан (Арбен Бајрами), 
Богески Мирко (Железарец)
Димовски Стефан (Железарец)
Кајсторовски Дејан (Железарец)
Блажевски Давид (Железарец)
Рамадани Јакуп (Ликени)
Фери Агуши (Шкупи)

Контролните натпревари ќе бидат одиграни во спортскиот центар „Борис Трајковски" со почеток од 19:00 часот.