• Иван Димовски

Футсалците на македонската репрезентација денес ќе ги започнат квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во 2024 година. Со гостувањето во Алингсас кај Шведска, избраниците на Васко Скендеровски ќе тргнат во овој поход.
Во првиот натпревар од групата 10 во квалификациите, Швеѓаните ја дочекуваат Македонија. Скандинавскиот колектив преку првиот степен квалификации дојде до оваа фаза, додека нашиот национален тим сега ќе дебитира во циклусот. За овој собир селекторот Скендеровски упати повик до натурализираниот Бразилец, Дениел Марињо Де Соуза, повратник во тимот е Зоран Левески, а има и пет интернационалци.
Натпреварот во Алингсас е закажан за денес во 17:00 часот. Веќе следната среда, Македонија во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја дочека Италија, која е третиот учесник во оваа квалификациска група.