• Горан Упале

Македонската футсал репрезентација беше поразена со 5-3 од селекцијата на Франција до 23 години во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Нашите играчи одиграа отворен натпревар, зачинет многу можности и осум постигнати голови Противникот со погодокот на Пауло Базилио Переира поведе со 0-1, но Димитар Јанев експресно возврати и израмни на 1-1.
Дејан Кајсторовски постигнува погодок за комплетен пресврт и предност на Македонија од 2-1. Франција преку Тео Рејнад израмнува на 2-2. Истиот играч постигнува нов погодок за предност од 3:2..
Во продолжението од натпреварот Пауло Базилио Переира постигнува втор гол за предност на гостинот од 4-2. Траоре Нама зголеми на 5-2., додека Рамадани Јакуп го намали резултатот и ги постави конечните 5-3.