Футсалците на Македонија и Црна Гора го пресликаа резултатот од првиот меч

Футсал репрезентациите на Македонија и Црна Гора одиграа уште еден пријателски натпревар во Скопје, втор во два дена, и тој заврши исто како првиот, без победник - 2-2.

За разлика од првата средба, Црногорците на овој натпревар тргнаа доста подобро, па успеаја да обезбедат два гола предност против нашата најдобра селекција. Прво стрелаше Коста Вуковиќ во 8., а потоа и Никола Видаковиќ во 25. минута, за позитива од два гола.

Сепак, Македонија се спаси од пораз во последните десетина минути. Прво црногорската мрежа ја стресе Игор Леовски, за потоа во листата на стрелците да се запише и Берат Рамадани.

Селекторот Васко Скендеровски на овој двомеч ги виде сите футсалци со кои располага нашиот национален тим во моментов и добро ги подготви за квалификациските предизвици кои следат.