Футсалците на двомеч со Англија во СЦ „Јане Сандански“

Футсал-репрезентацијата на Македонија ќе игра меч од претквалификациската фаза за пласман во циклусот за ЕП 2022, а ждрепката посака ривал да биде репрезентацијата на Англија.

Избраниците на Скендеровски иако беа извлечени како гости, ќе бидат домаќини. Македонија ќе ја пречека Англија во СЦ „Јане Сандански“, а двомечот е закажан во првата недела од ноември. Првиот меч ќе се игра на 8 ноември, а вториот дуел е ден подоцна.

Победникот од овој двомеч ќе патува во квалификациската група 4, каде чекаат Романија, Србија и Босна и Херцеговина.