• Симеончо Стоиков
Македонската футсал селекција денес во Велес во спортската сала „Гемиџии“ го одигра првиот контролен натпревар против Хрватска, кој заврши без победник со резултат од 2-2.
Нашата селекција на два наврати имаше водство, најпрво преку Петровиќ за 1-0, но „коцкестите“ израмнија до крајот на првото полувреме, по што на паузата се замина со резултат од 1-1. Во вториот дел Македонија повторно поведе, сега со голот на Глигоров за 2-1, но Хрватска на 20 секунди пред крајот на мечот даде гол за израмнување од 2-2.
Нашата селекција во склоп на подготовките на за квалификацискиот турнир за Футсал ЕУРО 2018 година, кој ќе се оддржи од 8 до 11 април во Казахстан, ќе одигра уште еден дуел со истиот противник, веќе в недела.