Футсалците ќе играат со Англија во баражот за квалификации за ЕП

Откако не успеа да ги прескокне претквалификациите во Скопје, македонската футсал репрезентација доби силен противник на денешната ждрепка за баражот во Нион. Англија е пречката до квалификациите за пласман на Европското првенство во Холандија. 

Бараж за квалификации за Европското првенство:
Англија – Македонија
Турција – Грција
Сан Марино – Данска
Израел – Кипар
Швајцарија – Германија
Бугарија – Ерменија
Црна Гора – Литванија

Првиот натпревар во април се игра во гости, а на реваншот ќе бидеме домаќини.