Футсалците ја победија Шведска и чекаат услуга од Италија

Футсал репрезентацијата на Македонија со победа над Шведска (3-1) ги заврши квалификациите за Светското првенство (СП) и чека услуга за да има можност да игра за главната фаза.

Избраниците на Скендеровски ги дадоа сите голови во второто полувреме. Стрелци за Македонија беа Ранготов кој беше двоен стрелец како и Леовски, а единствен стрелец за „трите круни“ беше Диаз.

Со оваа победа Македонија скокна на второто место и ќе разигрува за елитната фаза како една од второпласираните репрезентации, но само ако првопласираната Италија ја победи Шведска во последното коло.