Футсалците ѝ се реваншираа и ја победија Босна и Херцеговина

Футсал-репрезентацијата на Македонија успеа да слави во вториот пријателски меч против Босна и Херцеговина, кој се одигра во Зеница.

По поразот од 3-7 во минатиот меч, избраниците на Иван Божовиќ овој пат славеа со 3-1. Погодоците за Македонија ги постигнаа Таулант Исмаили, Зоран Левески и Еркан Сефери, додека единствениот погодок за домаќинот го постигна Јосип Бошковиќ.

Со пријателските мечеви против БиХ нашите футсалци се подготвуваат за квалификациите за ЕП.