Футсалците договорија два теста со Црна Гора во Тиват

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години кон крајот на октомври ќе одигра два контролни натпревари против футсал селекцијата на Црна Гора.

Двата контролни натпревари ќе бидат одиграни во црногорскиот град Тиват.

Првиот контролен натпревар, Македонија и Црна Гора ќе го одиграат на 23 октомври, со почеток во 18:00 часот, а вториот следниот ден со почеток во 17:00 часот.

Натпреварите се добар тест за двете селекции пред продолжувањето на активностите во евро-квалификациите.