Футсалците добија група со Норвешка и Велс во евро-претквалификациите

Македонската футсал репрезентација ги доби противниците за претквалификациите за Европското првенство во Холандија во јануари 2022 година. Нашите футсалци добија подносливи ривали, а ќе бидат и домаќини на групата.

Норвешка и Велс се двете селекции од групата И, а Фудбалската федерација на Македонија ќе го организира претквалификациониот турнир од 29 јануари до 1 февруари 2020 година. Само првопласираната репрезентација ќе обезбеди место во главните квалификации.

Македонија никогаш не се квалификувала за големот футсал натпреварување. 

  • Состав на групите од претквалификациите за Европското првенство 2022 година: