• Мартин Танасковски
Македонската футсал репрезентација до 19 години одигра нерешено (3-3) против фаворизираната Германија на првиот натпревар од претквалификациите за пласман во главната фаза квалификации за Европското првенство.
Нашата селекција со храбра игра се врати од два гола негатива, направивме пресврт за водство од 3-2, но сепак, на крајот Германија се избори за бод.
Двоен стрелец за Македонија беше Анчевски, а еднаш погоди Русевски. За Германците, реализираа Шраде, Кавурмачиоглу и Асионгбор.
Следен противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство е репрезентацијата на Косово.