Футсалците ако ја минат Англија ќе играат со Србија, Романија и БиХ

Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби можните ривали во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП), доколку успее да ја мине првата пречка.

Ждрепката посака нашиот национален тим во баражот за пласман во квалификациите да игра со незгодната Англија. Доколку Македонија биде подобра од „гордиот албион“, во квалификациската фаза ќе се судри со Романија, Србија и Босна и Херцеговина.

Квалификациите се предвидени да стартуваат во месец ноември, а претходно ќе се играат баражите. Истите ќе траат до април, 2021 година.

Првопласираните во групите заедно со шесте најдобри второпласирани одат на ЕП, додека седмата и осмата најдобра второпласирана селекција ќе играат бараж.