Футсал-волшебникот Рикардињо во декември доаѓа во Скопје!

Футсал-репрезентацијата на Македонија на почетокот на декември ќе игра две пријателски средби, а љубителите на овој спорт во „ВИП-арената“ при СЦ „Борис Трајковски“ ќе може да уживаат во мајсториите на најдобриот футсалец Рикардињо.

Противници на пријателски мечеви на Македонија на турнирот „Скопје 2016“ ќе бидат селекциите на БиХ и Португалија. Рикардињо го носи дресот на Португалците и сигурно ќе биде атракција за публиката. Првиот пријателски дуел избраниците на Божовиќ го играат на 5 декември од 18.00 часот против Босна, додека на 7 декември доаѓа Португалија. На 6 декември, пак, во „ВИП-арената“ ќе се сретнат Португалија и БиХ.

Блок билетите за трите натпревари ќе бидат достапни од четврток (01.12.2016) година во MK Tickets по цена од само 100 денари.