• Зоран Мишевски
В петок и в недела во спортската сала „Гемиџии" во Велес со почеток од 19.00 часот, футсал репрезентацијата на Македонија и соодветната селекција на Хрватскам ќе одиграат два тест натпревари.
Двомечот ќе биде убава прилика велешката публика во што поголем број да дојде и да ја бодри нашата футсал селекција и да ужива во два екстра квалитетни натпревари со 11. футсал селекција на светот според ФИФА ранкингот..
Момците на селекторот Божовиќ така ќе го означат официјален почеток на подготовките за квалификацискиот турнир за Европското првенство. Овој турнир ќе се оддржи од 8 до 11 април во Казахстан.
Нашата футсал селекција никогаш не учествувала на завршен турнир на едно Европско или Светско првенство, но оваа генерација ветува дека бариерата ќе биде пробиена токму со овој квалификационен турнир.