Футсал шампионот вторпат слави, пет гола на Крстевски против КМФ Велес

Викендов беа одиграни натпреварите од второто коло на шампионатот на Македонија во футсал. На дуелот игра во Скопје, КМФ Велес не успеа да приреди изненадување и загуби од првакот КМФ Проект со 6-13 (2:6)

Актуелниот футсал шампион и на второто едноподруго гостување во Скопје оствари значајна и висока победа, откако пред една недела беше подобар ривал од Железарец. Стрелци на головите за КМФ Проект беа: Иван Крстевски (пет гола), Дарко Ранготов (два гола), Димче Андов (два гола), Драган Петровиќ, Александар Михајлов, Мартин Тодоровски и Мирче Стојанов (стрелци на по еден гол).

Во следното, трето прволигашко коло, КМФ Проект во Валандово ја пречекува екипата на Енхалон.