Футсал шампионите на прием кај градоначалникот на Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски на свечен прием ги пречека прваците на Македонија во футсал.

Станува збор за фудбалерите на Форца од Куманово кои викендов официјално го кренаа пехарот и за првпат во историјата на кумановскиот спорт станаа футсал шампиони.

„Денес во мојот кабинет имав особена чест да бидам домаќин на футсал шампионите на Македонија – кумановскиот футсал клуб „Форца”. Клубот е вистински репрезент на мултикултурноста на Куманово и покажува дека само со квалитет, меѓусебната почит и заедништвото ќе чекориме напред со силни и стабилни чекори. Продолжете така млади и успешни луѓе, иднината на Македонија е во здравите генерации“, им порача градоначалникот.

Инаку клубот лани дебитираше во футсал шампионатот на Македонија, а веќе годинава го крена и пехарот.