Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години поразена од Црна Гора во Гибралтар

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години синоќа го одигра првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Гибралтар за пласман во Елитната фаза квалификации за Европско првенство.

Нашите фудбалери предводени од селекторот Зоран Лекиќ беа поразени од фаворитот во групата, Црна Гора со 2-0. Стрелци на погодоците за противникот беа Тафиќ во 24. минута и Љешковиќ во 35. минута.

Maкедонија во овој дуел имаше 24 обиди кон голот на противникот, 9 од нив завршија во рамките на голот, Црна Гора имаше двојно повеќе обиди. Нашата млада селекција веќе утре ја очекува нов дуел од квалификацискиот турнир. Во последниот натпревар, силите ќе ги одмериме со домаќинот, селекцијата на Гибралтар. Натпреварот се игра во 19:00 часот. Репрезентацијата на Црна Гора вчера забележа победа над Гибралтар со 6-3.

Во групата Б, во досегашниот тек од турнирот, Црна Гора убедливо се наоѓа на првата позиција со шест освоени бода, Македонија и Гибралтар се сеуште без бодови.